Kajgana
И денеска сончево време, од утре дожд и пад на температурите Александра Спасеска 19.04.2026 / 10:03 Македонија Времето денеска сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 17 до 24°C. Во Скопје, претежно сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 23°C. Во текот на новата седмица ќе преовладува променливо облачно време. Од понеделник до среда ќе има локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, а во вторник ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе бидат во опаѓање. временска прогноза Автор/Извор МАКФАКС Прикажи во метро On
Go to News Site