Collector
Муцунски: Исполнета политичка агенда на маргините на Анталија Дипломатскиот Форум | Collector
Муцунски: Исполнета политичка агенда на маргините на Анталија Дипломатскиот Форум
Kurir

Муцунски: Исполнета политичка агенда на маргините на Анталија Дипломатскиот Форум

Министерот на надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски учествува на дипломатскиот форум во Анталија, Турција, каде оствари повеќе средби. -Остварив повеќе билатерални средби со моите колеги – португалскиот министер за надворешни работи, Пауло Рангел, министерот за надворешни работи на Косово, Глаук Коњуфца, директорот за Континентална Европа во Министерството за надворешни работи на Франција, Брис Рокфеј, како и директорот за Западна Европа во Европската служба за надворешни работи, Емануеле Ѓауфрет, објави министерот на надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. -На средбата со министерот Рангел ги потврдивме одличните билатерални односи и разговаравме за нивно понатамошно унапредување, со акцент на евроинтегративниот процес, нашата активна улога во НАТО и придонесот кон колективната безбедност, додаде тој. Муцунски потенцира дека со министерот Коњуфца размениле мислења за билатералната соработка, регионалните прашања и евроинтегративните процеси, како и за понатамошно зајакнување на соработката во овој контекст. На средбите со директорите Рокфеј и Ѓауфрет разговаравме за напредокот во пристапниот процес, имплементацијата на Реформската агенда, со посебен акцент на владеењето на правото и јавната администрација, како и за поддршката во овие процеси и актуелните случувања во регионот и Европа, стои во објавата на Муцунски. Исполнета политичка агенда на маргините на Анталија Дипломатскиот Форум. Остварив повеќе билатерални средби со... Posted by Timco Mucunski on Sunday, April 19, 2026

Go to News Site