Kajgana
Рисицата Благица ги израдува македонските еколози Александра Спасеска 19.04.2026 / 12:38 Македонија Македонското еколошко друштво (МЕД) ја сподели радосната вест дека пред десетина дена, во соработка со кичевското Здружение на ловци „Елен“, фатиле рисица на планината Баба Сач. По повод Благовец, ловџиите ѝ го дале името Благица, пишуваат од МЕД. „На наша голема радост, станува збор за здрава единка, стара околу 4–5 години и тешка 17 кг. Благодарение на соработката со @Ветеринарниот факултет – Скопје, на терен со нас беше и ветеринар кој ја провери нејзината здравствена состојба (земање крв и брисеви, проверка за крлежи и сл.)“, велат од МЕД и со радост нагласуваат дека оттогаш ја следат рисицата Благица и гледаат дека се движи на планините Баба Сач и Илинска-Плакенска, планини каде што никогаш досега не следеле рис со методот на радиотелеметрија. Во меѓувреме, ловџиите од „Елен“ успеале да најдат прв плен (срна), што потврдува дека по успивањето и ставањето околувратник, нејзината состојба е добра. „Останува да видиме дали наскоро ќе има принова. Тоа е од огромно значење за понатамошниот опстанок на рисот, поради што женките се позначајни за следење од мажјаците“, стои во објавата на МЕД. Добри вести! Пред десетина дена, во соработка со кичевското Здружение на ловци „Елен“, фативме рисица на планината... Posted by Македонско еколошко друштво on Sunday, April 19, 2026 рис Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On
Go to News Site