Collector
Македонски стрип се претстави во Хрватска | Collector
Македонски стрип се претстави во Хрватска
Kurir

Македонски стрип се претстави во Хрватска

Врз основа на усвоен проект од страна на Министерството за култура и туризам ,  на стрип фестивалот Цртани Романи Шоу (CRS) во Загреб, Хрватска гостуваа Томе Трајков од Велес и Александар Стеванов од Штип–стрип промотери.Истиот фестивал се одржа од 17 до 19 април во Академијата на ликовни уметности. Според Трајков, оваа работна посета е логичен континуитет на неговата меѓународна стрип активност. Фестивалот на којшто учествувавме  е еден од оние со најголема традиција и рејтинг во  регионот. Тој спаѓа во редот на КОМИКОНИ – т.е големи стрип фестивали коишто се: -масовно посетени од публика -имаат солидно ниво и бројка на гости, видни имиња од светската стрип сцена конкретно: Италија , Босна и Херцеговина, Хрватска, Ирска , Германија, САД, Франција).Самото нивно присуство беше доволен повод помеѓу публиката да има и бројни придружни манифестации во случајов: изложби, панел промоции, саем на стрипови со штандови, школи/работилници за цртање, косплеј-маскирање во супер херои, квизови, музички концерти и тн. Заедно со хроничарот Александар Стеванов како соработник, Томе Трајков  одржа панел промоција на тема „МАКЕДОНСКИОТ СТРИП ИМА МИНАТО, СЕГАШНОСТ И ИДНИНА !“ Освен редовните обврски при присуството на овој фестивал ,престојот  се искористи за стекнување на организациони искуства коишто ќе се применат во Македонија

Go to News Site