Collector
Хулигани на Фоџа влетаа на терен и ги бркаа играчите | Collector
Хулигани на Фоџа влетаа на терен и ги бркаа играчите
Kajgana

Хулигани на Фоџа влетаа на терен и ги бркаа играчите

Хулигани на Фоџа влетаа на терен и ги бркаа играчите Филип Здравески 20.04.2026 / 11:32 Фудбал Гневни на играта и резултатите на своите фудбалери, дел од навивачите на поранешниот калчолигаш упаднаа на теренот и ги бркаа играчите. Фоџа е пред нов колапс и испаѓање во Серија Ди, четвртата по ранг лига на Италија. Овој клуб 11 сезони има настапувано во Серија А и како таков во 1994 година гостуваше и во Македонија за пријателски против Вардар и Беласица . Токму наредената сезона 1994/1995 беше последна за Фоџа во италијанската елита, а оттогаш варира помеѓу лигите Би, Чи и Ди. Сезонава Фоџа игра во Серија Чи во групата Чи каде вчера гостуваше кај Монополи, гратче 41 километар јужно од Бари. Фоџа Загуби со 1:0, со што дефинитивно ќе игра бараж за опстанок бидејќи на коло до крајот е на 18-тото место со 27 бодови. Фоџа сезонава е далеку најслаб тим во оваа лига бидејќи не е последна само поради фактот што на претпоследната Сиракуза ѝ се одземени 11 бодови, а на последнопласираниот Трапани дури 25 бодови. Неколку моменти пред последниот свиреж, неколку гостински навивачи со фантомки на главите влетаа на теренот и ги бркаа играчите на Фоџа. Некои успеаја да се вратат во соблекувалните, додека други се засолнија зад рекламните паноа. Реакцијата на полицијата, вклучително и оние редари во цивил што го чуваа теренот беше брза: еден напаѓач беше врзан со лисици под централната трибина, пред публиката во неверување, додека друг беше блокиран близу до голот. Откако се воспостави мир, по 10 минути натпреварот продолжи и заврши со победа на Монополи, надежите на Фоџа за пласман во баражот висеа на конец, но ремито на Сиракуза и поразот на Трапани сепак ја оставија во игра. Табела: Фоџа навивачи Автор/Извор Филип Здравески Прикажи во метро On

Go to News Site