Collector
Каменуван автобус на фудбалскиот клуб Струга, уапсено едно лицe | Collector
Каменуван автобус на фудбалскиот клуб Струга, уапсено едно лицe
Kajgana

Каменуван автобус на фудбалскиот клуб Струга, уапсено едно лицe

Каменуван автобус на фудбалскиот клуб Струга, уапсено едно лицe Филип Здравески 20.04.2026 / 13:04 Хроника На 19.04.2026 во СВР Куманово е пријавено дека во 16:50 часот на стадионот „Башкими“ во Куманово, по завршување на фудбалскиот натпревар помеѓу фудбалските клубови Башкими од Куманово и Струга Трим-Лум од Струга, настанала расправија помеѓу Б.Х. (39) од Куманово, сопственик на фудбалскиот клуб Башкими и едно лице од гостинската екипа од Струга. Подоцна, на паркинг простор, неколку лица со употреба на тврди предмети го оштетиле паркираниот автобус, сопственост на приватна фирма од Струга, кој ги превезувал играчите од Струга. Во врска со настанот, во 20:20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Б.Х. (39). Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава. Инаку, Струга славеше со 5:0 во Куманово. ФК Струга 1.МФЛ ФК Башкими Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off

Go to News Site