Collector
Мицкоски: Реформската агенда повеќе не е само план на хартија, дава конкретни резултати | Collector
Мицкоски: Реформската агенда повеќе не е само план на хартија, дава конкретни резултати
Kurir

Мицкоски: Реформската агенда повеќе не е само план на хартија, дава конкретни резултати

Реформската агенда повеќе не е само план на хартија, таа дава конкретни, мерливи резултати, напиша премиерот Христијан Мицкоски денеска на својот фејсбук профил по средбата во Владата со амбасадорите од Европската Унија. На средбата, како што пишува, било разговарано за напредокот и следните чекори во спроведувањето на реформската агенда. - Во изминатиот период го забрзавме спроведувањето во сите клучни области. Неколку чекори се веќе целосно реализирани, додека други напредуваат побрзо од планираното. Ова одразува силна политичка посветеност, подобрена институционална координација и јасен фокус на резултати, пишува Мицкоски. Во јавните финансии, додава, ја зајакнуваме отчетноста и транспарентноста. - Институциите повеќе известуваат, посистематски управуваат со ризиците и применуваат построги контроли врз јавната потрошувачка. Во исто време, го модернизираме буџетскиот систем и го подобруваме планирањето и следењето на јавните инвестиции. Пораката е едноставна: јавните средства се управуваат поодговорно и поефикасно, посочува премиерот. Овие реформи, нагласува, не се изолирани активности. Тие се дел од поширока трансформација. Тие ја приближуваат нашата економија до Единствениот пазар на ЕУ. -Тие ги зајакнуваат институциите во согласност со европските стандарди, и носат конкретни резултати за граѓаните и бизнисите. Остануваме целосно усогласени со Европската Унија, политички, економски и стратешки, додава Мицкоски.

Go to News Site