Kurir
Селекторката на женската македонска ракометна репрезентација Даниела Новеска Вељаноска го објави списокот од 14 ракометарки, кои ќе настапат на Светското училишно првенство што од 21-29 април ќе се одржува во Скопје. За престојниот настап повикани се следниве ракометарки: Марија Дуноска, Сара Илиоска, Ања Лашкоска, Тара Аврамовска, Рона Мифтари, Ивана Трифуноска, Мила Ристовска, Анастасија Тодоровска, Марија Димоска, Елена Балоска, Антонела Ѓероска, Бојана Георгиевска и Неда Јанева. Младите македонски ракометарки се наоѓаат во групата Ц (извлекувањето на групите беше извршено попладнево), а ривали им се селекциите на: Словачка, Грузија и Белгија. Свеченото отворање на првенството ќе се одржи утревечер во 19:30 часот
Go to News Site