Kurir
Потребни состојки: 2 јајца 1 чаша шеќер 1 чаша млеко 1/2 чаша масло 2 чаши брашно 3 лажици какао 1 прашок за печиво 100 г темно чоколадо Подготовка: Во сад изматете ги јајцата со шеќерот додека смесата стане пенеста. Додадете млеко и масло, па постепено вмешајте го брашното измешано со какаото и прашокот за печиво. Смесата истурете ја во подмачкан калап и печете во загреана рерна на 180°C околу 25–30 минути. Во меѓувреме растопете го чоколадото на пареа или во микробранова печка. Кога тортата ќе се испече и малку ќе излади, прелијте ја со растопеното чоколадо. Оставете да се стегне, па послужете.
Go to News Site