Kajgana
Израел и Либан ќе одржат втора рунда преговори за три дена во САД Александра Спасеска 20.04.2026 / 20:55 Свет Израелските и либанските претставници ќе одржат втора рунда преговори во Вашингтон за три дена, изјави денес портпаролот на Стејт департментот. Преговорите ќе се одржат на ниво на амбасадори во Стејт департментот. Израел ќе биде претставуван од неговиот амбасадор во САД, Јехиел Лајтер, изјави извор за Reuters. Ова ќе бидат првите разговори меѓу двете земји откако стапи на сила 10-дневниот прекин на огнот меѓу Израел и Либан. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пред четири дена изјави дека се согласил на привремено десетдневно прекин на огнот во Либан за да се даде време да се обликува иницијативата на американскиот претседател Доналд Трамп за мировен договор меѓу Израел и Либан. Израел Либан Автор/Извор А.С. Прикажи во метро Off
Go to News Site