Collector
Јаневска го чека извештајот од Филозофскиот факултет за нерегуларностите при упис на втор и трет циклус студии | Collector
Јаневска го чека извештајот од Филозофскиот факултет за нерегуларностите при упис на втор и трет циклус студии
Kurir

Јаневска го чека извештајот од Филозофскиот факултет за нерегуларностите при упис на втор и трет циклус студии

Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје треба да постапи по заклучоците на Државниот просветен иснпекторат (ДПИ), кој при извршен надзор констатирал нерегуларности при упис на студенти на магистерски и на докторски студии. Министерката за образование и наука Весна Јаневска соопшти дека Филозофскиот факултет на УКИМ веќе постапува по заклучоците на Инспекторатот и таа чека извештај, по што ќе донесе конечно решение во врска со случајот. -Констаторани се нерегуларности на Филозофскиот факултет, но не при упис на додипломски туку за упис на втор и на трет циклус студии Државниот просветен иснпекторат постапуваше, донесе заклучоци, го информираше Факултетот, кој треба да постапи. Колку што ми е познато, факултетот постапува и јас го чекам конечниот извештај, за кога ќе помине рокот за постапување, како министер овластен во таа област, да го донесам и конечното решение, изјави министерката Јаневска одговарајќи на новинарски прашања пред отворањето на настанот „Зеленикс – од предизвик до иновација”, организиран од Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА. Како што објави порталот МКД.мк, студенти без завршени додипломски студии на Филозофскиот факултет при УКИМ биле запишувани на магистерски, а потоа и на докторски студии, односно не биле исполнети условите од Законот за високото образование. Тоа било откриено од Државниот просветен инпекторат и на запишаните студенти им биле прекинати студиите. Според сознанијата на порталот, се работи за десетина запишани студенти на магистерски и на докторски студии, на кои по интервенција на инспекторите им биле прекинати студиите, а тие сега бараат враќање на парите што ги дале за упис на втор односно на трет циклус студии. (МИА)

Go to News Site