Kajgana
Кои видови месо се најдобри за печење на скара? Филип Здравески 21.04.2026 / 14:17 Живот Правилниот избор на месо за скара е клучот до успехот. Откријте какви видови месо препорачуваат искусните скараџии за совршен Први мај. Тешко е да се замисли Први мај во Македонија без чад од скара, друштво и полна маса. И додека секој има свој таен рецепт, клучот за совршена скара всушност започнува многу порано, со вистинскиот избор на месо. Токму од тоа зависи дали залаците ќе бидат сочни и меки или суви и безвкусни. Како да го изберете најдоброто месо за на скара? Основното правило што важи за скоро сите видови месо е едноставно: колку повеќе природна маст, толку подобар е резултатот на скарата. Маснотијата спречува сушење и го дава тој препознатлив полн вкус што ја прави скарата толку популарна. Најдобри избори за Први Мај Свинско Свинското месо е најчестиот избор за на скара, и со добра причина. врат – најсочно и најпроверено парче ребро - меко и полно со вкус кога е убаво печено стомак - за љубителите на посилни и подебели залаци Ова се парчиња со кои е тешко е да се погреши, дури и ако немате искуство во печење на скара. Пилешко За оние што сакаат нешто помалку масно: Копан и докопан - идеални бидејќи остануваат сочни Стек – брзо се подготвува, но бара внимание за да не се исуши Говедско Ако сакате да ја подигнете вашиот скара на следно ниво: бут - богат со масти и полн со вкус рамстек – малку посен, но многу вкусен пауфлек - одличен за кратко и интензивно печење Риба Скарата не е резервирана само за месо: лосос – масен и совршен за печење на скара скуша – интензивен вкус пастрмка - полесен, но многу вкусен избор Важен совет Извадете го месото од фрижидер 20-30 минути пред печење. Ако го ставите ладно директно на скарата, брзо ќе изгори однадвор и ќе остане сурово или тврдо одвнатре. Собната температура овозможува рамномерно печење. скара Први мај Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On
Go to News Site