Kajgana
СДСМ тврди: Груевски има унгарски и српски пасош Филип Здравески 21.04.2026 / 17:38 Македонија Последните информации доставени до СДСМ укажуваат дека Никола Груевски веќе поседува унгарски и српски пасош, велат од опозициската партија. Како што додаваат, ако бегалецот од правдата добил српски и унгарски пасош јасно е, според нив, дека зад ова стојат неговите политички сојузници и заштитници, Орбан и Вучиќ, политичките ментори на Мицкоски. „Очигледно непостапувањето на владата на Мицкоски и упорното одбивање да прати ново барање за екстрадиција е намерно оставање простор на Никола Груевски и негова заштита. Додека други држави, како Полска на пример, постапуваат брзо, Мицкоски му купува време на Груевски. Мицкоски и ВМРО-ОКГ ништо не прават. Не сакаат да го вратат Груевски во Македонија и не сакаат да одговара пред правдата.“ Ова, оценуваат од СДСМ, е класична заштита на Никола Груевски од страна на Христијан Мицкоски. Никола Груевски СДСМ Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off
Go to News Site