Collector
Муцунски од Женева: Засилена соработка со UNECE за одржлив развој и економска поврзаност | Collector
Муцунски од Женева: Засилена соработка со UNECE за одржлив развој и економска поврзаност
Kurir

Муцунски од Женева: Засилена соработка со UNECE за одржлив развој и економска поврзаност

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, остварил средба во Женева со извршниот секретар на UNECE, Татјана Молцеан, при што била потврдена заедничката посветеност кон унапредување на регионалната и меѓународната соработка. Како што соопшти министерот, на средбата се заблагодарил за поканата за ко-претседавање со Регионалниот форум за одржлив развој 2026, нагласувајќи ја важноста на форумот како клучна платформа за размена на искуства и унапредување на Целите за одржлив развој. Муцунски ја истакнал определбата на државата за мултилатерализам и интегрирани политики, како и активното учество во системот на Обединетите нации и Советот за човекови права. Притоа, потенцирал дека националните приоритети се усогласени со главните области на делување на UNECE, вклучително енергијата, поврзаноста, животната средина и дигитализацијата. Фокусот, според него, останува на привлекување инвестиции, зголемување на извозот и диверзификација на трговијата, како основа за одржлив економски раст. На средбата била потврдена и подготвеноста за натамошно продлабочување на соработката со UNECE, со цел постигнување одржлив и инклузивен развој во регионот. Денеска во Женева остварив средба со извршниот секретар на UNECE, Татјана Молцеан. Се заблагодарив за поканата за... Posted by Timco Mucunski on Tuesday, April 21, 2026

Go to News Site