Kajgana
Mанифестација Во чест на поетот во Штип Филип Здравески 21.04.2026 / 20:08 Култура Во Штип ќе се одржи манифестацијата „Во чест на поетот“ посветена на Ацо Шопов. Во организација на НУЦК „Ацо Шопов“ – Штип, на 22 април (среда) со почеток во 12:00 часот, во Спомен собата на установата, ќе се одржи манифестацијата „Во чест на поетот“, посветена на Ацо Шопов, по повод 44 години од неговата смрт. Настанот е посветен на животот и творештвото на еден од најзначајните македонски поети и има за цел да придонесе кон негување и афирмација на неговото литературно наследство. Во рамки на манифестацијата ќе бидат доделени признанија за посебен придонес во афирмацијата и популаризацијата на ликот и делото на Ацо Шопов на Божин Павловски, како и на ревијата за литература, култура и уметност „Стожер“ при Друштвото на писателите на Македонија. Проектот е целосно финансиран од Министерството за култура и туризам на Република Македонија. Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off
Go to News Site