Kajgana
Центарот на Лејкерс доби државјанство, ќе игра за Словенија Филип Здравески 21.04.2026 / 20:24 Кошарка Кошаркарската репрезентација на Словенија доби големо засилување бидејќи кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Џексон Хејс, доби словенечко државјанство и во иднина ќе ги брани боите на оваа поранешна југословенска република. Хејс истакна дека ги комплетирал сите документи, вклучувајќи го и пасошот, и дека во иднина ќе игра за репрезентацијата со еден од најдобрите кошаркари во светот, Лука Дончиќ. „Лука повторно беше палав. Но, добив словенечки пасош, тоа е сè што ми кажа. Сега ме нарекува мој словенечки брат“, рече Хејс, а потоа ги увери американските новинари дека не се шегува. „Не се шегувам, навистина добив.“ Конечно, беше замолен да каже неколку зборови на словенечки. „Не можам да кажам ниту еден збор. Па, всушност знам неколку, но не ми е дозволено да ги кажам“, рече Хејс и ги насмае присутните. View this post on Instagram A post shared by Swish Cultures (@swishcultures) Сезонава има просек од 7,5 поени, 4,1 скокови, 0,9 асистенции и 75,6% шут од поле. 25-годишниот центар е висок 213 см и потекнува од Норман, Оклахома. На драфтот во 2019 година беше избран како осми пик. Хејс сега се очекува да игра за Словенија во квалификациите за Светското првенство 2027, кои се закажани за јули и август. Словенија Џексон Хејс Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On
Go to News Site