Kajgana
10 години по титулата во Премиер лигата Лестер испадна во трета лига ЧЕМПИОНШИП 2025/2026 Филип Здравески 22.04.2026 / 08:53 Фудбал Фудбалерите на Лестер, по целосен колапс, испаднаа од втората англиска лига точно 10 години откако станаа шампиони на Премиер лигата, а сцените на „Кинг Пауер“ стадионот беа, како што се очекуваше, емотивни. Лестер и Хал одиграа нерешено синоќа во 44. коло од Лиг 1, а конечниот резултат беше 2:2, со што поранешните англиски шампиони испаднаа во третата лига на англискиот фудбал. Ова се случи точно 10 години откако Лестер ја напиша најубавата приказна во англискиот фудбал и ја освои титулата во Премиер лигата, иако никој не им даде шанса пред почетокот на сезоната. Англиските шампиони од сезоната 2015/2016 се на 23-то место со 42 бода, а остануваат уште две кола, додека Блекбурн, кој е последен во безбедната зона, има 49 бодови и јасно е дека „Лисиците“ не можат ниту теоретски да ги престигнат. Tonight’s result confirms our relegation to Sky Bet League One. pic.twitter.com/IsmoQbPOru — Leicester City (@LCFC) April 21, 2026 Да не беа административно одземените 6 бодови Лестер ќе беше во игра за спас, бидејќи ќе имашпе 48 и само бод ќе заостануваше зад безбедната зона. Кога беше свирнат крај на натпреварот на теренот се случија многу емотивни и тажни сцени. Навивачите беа потресени, а имаше и такви што завршија во солзи знаејќи дека следната година ќе играат само во третото ниво. Remote video URL Лестер лани испадна од Премиер лигата, а сега не преживбеа ниту една сезона во Чемпионшип. Формиран далечната 1884 година, Лестер е еден од најстарите англиски клубови. Лестер Чемпионшип Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On
Go to News Site