Kurir
Во многу обраќања пред граѓаните, Филипче пред половина година не штедеше убави зборови за истито тој Сашко Митовски кој денеска го куди за соработка со Христијан Мицкоски. Му држеше и чадор на настани, а во говоранциите саде епитети и ловорики. Арно ама, тогаш во СДС ја немаше паниката дека врхушката ќе мора да одговара за стореното (читај украденото) во периодот 2017-2024 г. Еве, како пред 6-7 месеци лафеше Венко за Сашко, каде во серија говоранции истакна дека Крива Паланка е една од најубавите општини во државата и тоа само благодарение на посветената работа на градоначалникот на СДСМ и неговиот тим. На Сашко де. „За резултатот на Сашко во Крива Паланка јас вечерва нема зборувам. Вие тоа го знаете многу добро, се гледа на секоја страна во Крива Паланка, каде и да се заврти човек, делата зборуваат гласно. Овде се работело, а граѓаните тоа го гледат, го живеат секој ден.“, свика на 29 август 2025-та Филипче. Сметам дека Сашко заслужува да биде изгласан од граѓаните на Крива Паланка, вресна Филипче. „Крива Паланка е, би рекол, единствен град во државата кој претрпе целосна трансформација за време на неговиот мандат. Средени и асфалтирани улици, осветлени и безбедни места, паркови за деца, реконструирани училишта, спортски сали, средено корито на реката, убав плоштад на којшто може да се прават настани“, рече Филипче гордеејќи се со Митовски. Претседателот Филипче додаде дека Сашко е прототип за тоа како треба да изгледа еден градоначалник – чесен, работлив, отворен за сите, не прави дискриминација по ниту една основа, најмалку партиска. „Верувам дека на изборите во октомври нема да победи само Сашко и СДСМ, туку тоа ќе биде една голема победа за сите граѓани на Крива Паланка“, порача насмејан до уши претседателот на СДСМ Венко Филипче. Е сега, истиот тој Сашко да бил трујач на кривопаланчани, ортак и измеќар на Мицкоски, непочитувач на гласот на кривопаланчани, за кои Венко познат како Заев Трети и Кралот Зајдисонце реално – нема поим дали или не сакаат рудник и нови вработувања. Тоа можеби и не знае, но знае дека доаѓа времето на одговорност...
Go to News Site