Kurir
На 21.04.2026 во 17:00 часот во Полициското одделение Галате било пријавено дека во гостиварското село Градец, при изведување градежни работи на приватна куќа, починал И.А.(48) од Тетово. -Според пријавеното, при обид да одглави заглавена сајла на кран, дошло до пукање на метален дел од конструкцијата кој го удрил И.А. во пределот на главата. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а увид извршиле јавен обвинител и екипа од ОВР Гостивар, вели портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи. По наредба на обвинител, телото е дадено на обдукција.
Go to News Site