Collector
Во Македонија нема од спорните кашички за бебиња од HiPP | Collector
Во Македонија нема од спорните кашички за бебиња од HiPP
Kajgana

Во Македонија нема од спорните кашички за бебиња од HiPP

Во Македонија нема од спорните кашички за бебиња од HiPP Филип Здравески 22.04.2026 / 12:13 Македонија Во Македонија нема од спорните кашички од морков и компир од HiPP, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство. „До овој момент Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) нема добиено нотификација преку Системот за брзо известување за небезбедни производи на Европската Унија (RASSF) дека на македонскиот пазар е пласиран небезбеден производ храна за бебиња од брендот HiPP (190 грамско пакување во стаклена тегличка со вкус на морков и компир) кој е предмет на повлекување и истрага во Австрија и неколку европски земји“, се наведува во соопштението. Од Агенцијата велат дека ја следат состојбата и доколку се јави потреба навремено ќе реагираат. Дополнително, од страна на операторот со храна, овластен дистрибутер на производите на HiPP за Македонија, Агенцијата добила писмено известување дека во земјава воопшто нема увезено од спорниот производ, односно истиот не е пласиран на македонскиот пазар. АХВ Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off

Go to News Site