Collector
АХВ: Повлечената бебешка HiPP каша ја нема на македонскиот пазар | Collector
АХВ: Повлечената бебешка HiPP каша ја нема на македонскиот пазар
Kurir

АХВ: Повлечената бебешка HiPP каша ја нема на македонскиот пазар

До овој момент Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) нема добиено нотификација преку Системот за брзо известување за небезбедни производи на Европската унија (RASSF), дека на македонскиот пазар е пласиран небезбеден производ храна за бебиња од брендот HiPP ( 190 грамско пакување во стаклена тегличка со вкус на морков и компир) кој е предмет на повлекување и истрага во Австрија и неколку европски земји. Агенцијата ја следи состојбата и доколку се јави потреба навремено ќе реагира. -Дополнително, од страна на операторот со храна, овластен дистрибутер на производите на ХИПП за Македонија, Агенцијата доби писмено известување дека во земјава воопшто нема увезено од спорниот производ, односно истиот не е пласиран на македонскиот пазар, информираат од АХВ.

Go to News Site