Kajgana
Зошто Сидни Свини беше отстранета од „Ѓаволот носи Прада 2“? Александра Спасеска 22.04.2026 / 14:19 Филм & ТВ Камео улогата на Сидни Свини е отстранета од долгоочекуваното продолжение на „Ѓаволот носи Прада 2“ (The Devil Wears Prada 2). Во продолжението, кое доаѓа 20 години по оригиналот од 2006 година, се враќаат ѕвездите Мерил Стрип, Ен Хатавеј, Емили Блант и Стенли Тучи. Првиот филм е базиран на романот на Лорен Вајсбергер од 2003 година, кој е инспириран од нејзиното искуство како помошничка на уредничката на Vogue, Ана Винтур, за која се верува дека го инспирирала ликот на Миранда Пристли. Креативна одлука? Извор близок до продукцијата објасни за Entertainment Weekly зошто улогата на една од најпопуларните актерки денес е отстранета од филмот, наведувајќи дека тоа е „креативна одлука“. Нејзиното кратко камео појавување требало да се појави на самиот почеток на филмот, но сцената наводно „не се вклопувала структурно“ со остатокот од филмот. Во триминутната сцена, Свини играла позната клиентка со која работела Емили Чарлтон (Емили Блант), а сцената требаше да послужи и како вовед во ликот на Емили денес. Сценаристката Алин Брош Мекена не го потврди директно бришењето на сцената во интервју за ScreenRant. Кога ја прашаа дали Сидни првично била во филмот, таа одговори: „Па, го гледавте филмот. Таа не е во него“. Новинарот додаде: „Таа не е во финалната верзија“, на што Мекена накратко потврди: „Точно“. Свини и Disney сè уште не ги коментирале извештаите, но коментарите на сценаристката и тврдењата на анонимен извор сугерираат дека улогата навистина била отстранета од финалната верзија на филмот. Remote video URL Контроверзност околу улогата во Euphoria Ова не е единствената ситуација што ја стави Свини во центарот на вниманието во последните недели. Нејзината улога во третата, и наводно последна, сезона на Euphoria на HBO беше предмет на многу дебати. Дејството во новата сезона е сместено пет години откако ликовите завршија средно училиште, а нејзиниот лик, Кеси Хауард, одлучила да заработи пари објавувајќи на платформата OnlyFans. Не е изворот на приход што се смета за проблематичен, туку видот на содржина што ликот почна да ја објавува. Дел од разголените сцени може да ги видите ТУКА . Сепак, овие контроверзии не изгледа дека влијаат на нејзината кариера. Актерката моментално се подготвува за продукцијата на продолжението на хит филмот The Housemaid, наречен The Housemaid's Secret, што беше рекорден успех за неа на бокс офисот. Филмот „Ѓаволот носи Прада 2“ пристигнува во кината на 1 мај. Сидни Свини Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On
Go to News Site