Collector
Украински рецепт во Саудиска Арабија | Collector
Украински рецепт во Саудиска Арабија
Kajgana

Украински рецепт во Саудиска Арабија

Украински рецепт во Саудиска Арабија Александра Спасеска 22.04.2026 / 16:21 Свет Американската војска воведе украинска технологија против дронови во клучна воздухопловна база во Саудиска Арабија, објави Reuters повикувајќи се на анонимни извори. Станува збор за платформата за команда и контрола Sky Map, која е распоредена во базата Принц Султан, на околу 640 километри од Иран, и која претходно беше широко користена во војната меѓу Украина и Русија за откривање и пресретнување на непријателски дронови, вклучувајќи ирански беспилотни летала од типот Шахид. Украински воени претставници пристигнаа во базата за да обучат американски војници за користење на системот, кој овозможува откривање на закани и координација на контранапади со помош на дронови-пресретнувачи. Сепак, изворите наведуваат дека за време на тестирањето се регистрирани и инциденти, а еден дрон-пресретнувач неодамна се урна во објект во базата. Воведувањето на оваа технологија укажува на напредокот на Украина во развојот на дронови и системи за борба против нив, но и на ранливоста на американската воздушна одбрана, велат аналитичарите. „Одамна има празнини во американскиот систем за воздушна и ракетна одбрана низ целиот свет. Тие се познати, но не се целосно решени“, рече Тимоти Волтон од Институтот Хадсон во Вашингтон. Овој развој на настаните се случи еден месец откако американскиот претседател Доналд Трамп јавно ја отфрли понудата на украинскиот претседател Володимир Зеленски за помош во одбраната од иранските дронови. „Не ни е потребна нивната помош во одбраната од дронови“, изјави Трамп за Fox News на 6 март. Минатиот месец, Пентагон соопшти инвестиција од 350 милиони долари за зајакнување на одбраната од дронови со користење на различни технологии, вклучувајќи сензори, камери и пресретнувачи. Платформата Sky Map е дигитален систем што комбинира податоци од радари и сензори за откривање на закани во реално време и координирање на одговорите. САД Саудиска Арабија Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On

Go to News Site