Collector
Штипскиот гимназијалец Даниел Христов освои бронзен медал на Менделеева олимпијада по хемија | Collector
Штипскиот гимназијалец Даниел Христов освои бронзен медал на Менделеева олимпијада по хемија
Kurir

Штипскиот гимназијалец Даниел Христов освои бронзен медал на Менделеева олимпијада по хемија

Штипскиот гимназијалец  Даниел Христов освои бронзен медал на престижната Менделеева олимпијада по хемија – натпревар каде се соочуваат најдобрите млади хемичари од целиот свет, соопштија денеска од гимназијата „Славчо Стојменски“-Штип. -Со особена гордост објавуваме дека нашиот амбасадор Даниел Христов освои бронзен медал на овој значаен успех е резултат на огромен труд, посветеност и љубов кон науката. Даниел достојно ја претстави нашата гимназија и покажа дека знаењето навистина вреди. Горди сме на тебе! Честитки за извонредното достигнување и нека ова биде само дел од твоите големи успеси-велат од СОУ „Славчо Стојменски“-Штип. Менделеевата олимпијада по хемија е најстарата, најтешка и најпрестижна олимпијада по хемија, а се одржа во Москва, Русија.  (МИА)

Go to News Site