Kurir
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека деблокирањето на заемот од 90 милијарди евра од Европската Унија за Киев претставува вистинскиот сигнал во сегашната ситуација. Тој во објава на социјалната мрежа „Икс“ нагласи дека стимул за Русија да ја запре војната што ја води во Украина може да се појави само доколку истовремено се засили поддршката за Киев и притисокот врз Москва биде доволно силен. Амбасадорите на државите членки на ЕУ во Брисел денеска ги одобрија одлуките за доделување на заемот од 90 милијарди евра за Украина и за проширување на санкциите против Русија, соопшти портпаролот на кипарското претседателство со Советот на ЕУ. Тој појасни дека сега претстои писмена процедура за финализирање на овој процес. (МИА)
Go to News Site