Kurir
Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе овој викенд од Австрија ја започнува новата сезона во ФИА Европски шампионат на ридски патеки, при што годинава одбележува значаен јубилеј – 25 години на тркачките патеки. Стартот на сезоната е на легендарната патека Рекберг, каде македонскиот автомобилист ќе настапи со дополнителен мотив. Трикратниот европски шампион влегува во новата сезона со амбиција за нови резултати, во конкуренција од повеќе од 250 возачи, додека шампионатот годинава вклучува 10 трки низ Европа. Сезоната започнува со тренинзи во сабота, а главните трки се возат во недела, на 26 април. Завршницата и оваа година е планирана во Хрватска во септември.
Go to News Site