Collector
Артан Груби останува во куќен притвор | Collector
Артан Груби останува во куќен притвор
Kajgana

Артан Груби останува во куќен притвор

Артан Груби останува во куќен притвор Филип Здравески 23.04.2026 / 12:08 Македонија Поранешниот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби, останува во куќен притвор, кој му е продолжен за нови 30 дена. Куќниот притвор на Груби му беше одреден на 23 февруари, односно истиот ден кога се врати во земјава по повеќе од една година бегство. Од затворски, Груби беше префрлен во куќен притвор на барање на Обвинителството кое таквата одлука ја донело врз основа на тоа дека се обезбедени голем број докази, дека истиот доброволно се пријавил на органите на прогонот, како и дека постојат индиции дека во притворското одделение не може да се гарантира неговата лична безбедност. Груби е второосомничен во случајот со проневери во Државна лотарија. Избега од земјава пред Обвинителството официјално да отвори истрага. По повеќе од една година во бегство, Груби се појави на граничниот премин Блаце, каде што беше приведен од полицијата и спроведен во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари. Првоосомничен во случајот е поранешниот директор на Државна лотарија, Прпарим Бајрами, кој сè уште е недостапен за органите на прогонот. Артан Груби Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off

Go to News Site