Collector
Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје | Collector
Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје
Kurir

Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје

Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје најави денеска Министерството за внатрешни работи, поради меморијална трка. - Во недела, 26 април, во периодот од 9 до 13:30 часот, ќе се одржи меморијална дуатлон - трка насловена како „Меморијал Ѓоко Кузмановски“, со стартно-целна позиција пред СЦ „Јане Сандански“, при што натпреварувачите ќе се движат на дел од булевар „АСНОМ“ на потегот од крстосница со улица „Васко Карангелевски“ до крстосница со булевар „Србија“ и на дел од улица „Васко Карангелевски“ на потегот од крстосница со булевар „АСНОМ“ до крстосница со пристапна сообраќајница кај „Мајчин дом“ во Скопје, информираат од МВР. Од тие причини, како што се додава, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Go to News Site