Collector
Трамп ја рекласификува марихуаната во САД | Collector
Трамп ја рекласификува марихуаната во САД
Kajgana

Трамп ја рекласификува марихуаната во САД

Трамп ја рекласификува марихуаната во САД Александра Спасеска 23.04.2026 / 20:00 Свет Министерството за правда на САД ја рекласификува марихуаната одобрена од FDA и лиценцирана од државата како помалку опасна дрога, соопшти денеска вршителот на должноста државен обвинител Тод Бланш. Рекласификацијата не значи дека марихуаната ќе биде легализирана низ целата територија на САД, пишува Reuters. Бланш рече во објава на Платформа X дека одделот „веднаш ги префрла лиценците за марихуана одобрена од FDA и федералните државни лиценци од Прилог I во Прилог III“. Министерството, исто така, започна итно сослушување за да разгледа поширока рекласификација на марихуаната во рамките на законските категории, се вели во официјалното соопштение. „Оваа одлука за промена на категоризацијата овозможува истражување за безбедноста и ефикасноста на оваа супстанција, што на крајот ќе обезбеди подобра грижа за пациентите и посигурни информации за лекарите“, рече Бланш. Одлуката за рекласификација претставува една од најзначајните промени во федералната политика за марихуана во последниве децении. Таа доаѓа по извршната наредба на Доналд Трамп во декември, во која тој му нареди на одделот да ги ублажи ограничувањата за марихуаната. Се очекува овој потег да ја трансформира индустријата за канабис со намалување на даночните оптоварувања и олеснување на пристапот до финансирање, што ќе им користи на компании како што се Canopy Growth, Tilray Brands и Trulieve Cannabis. Акциите на компаниите во секторот забележаа силен раст на американските берзи по објавувањето на одлуката, помеѓу шест и тринаесет проценти. Марихуаната со години е класифицирана на исто ниво како и многу помоќните дроги како што е хероинот, и покрај тоа што речиси половина од американските држави го легализираа канабисот во последниве години. САД марихуана канабис Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On

Go to News Site