Collector
Полицијата тресе на Клинички, паднаа доктори за нелегални третмани и препарати | Collector
Полицијата тресе на Клинички, паднаа доктори за нелегални третмани и препарати
Kurir

Полицијата тресе на Клинички, паднаа доктори за нелегални третмани и препарати

Полицијата, поточно оделот за организиран криминал при БЈБ во акција пладнево за истрага за нелегални медицински третмани и нерегистрирани препарати. Полицијата попладнево спроведе координирана акција на повеќе локации низ државата, насочена кон разбивање на мрежи кои, според неофицијални информации, вршеле нелегални медицински третмани и дистрибуција на нерегистрирани препарати. Според сознанијата до кои КУРИР дозна дека во акцијата се опфатени докторите: Наташа К. - дерматолог, Арбен К. - дерматолог, Дејан Ф., Магдалена И.В.- доктор и Андреа Т. - АС ЕСТЕТИК од Битола. Се сомнева дека групата била поврзана со нелегален увоз и дистрибуција на фалсификувани ботокси, филери и други медицински препарати, кои биле внесувани во земјава преку нелегални канали од повеќе држави, меѓу кои Кина, Турција и Србија. Производите, според информациите, немале соодветна контрола, дозволи ниту регистрација, а потоа биле пласирани на пазарот. Овие препарати, кои често се користеле под превезот на естетски третмани, наместо подобрување на изгледот, можеле да предизвикаат сериозни здравствени последици – инфекции, деформитети, трајни оштетувања, па дури и ризик по животот на граѓаните. Случајот отвора сериозни прашања за злоупотреба на довербата на пациентите и опасностите од нерегулирани медицински интервенции. Надлежните институции најавуваат дека борбата против ваквите криминални структури ќе продолжи со засилено темпо, со цел целосно расчистување на случајот и санкционирање на одговорните.

Go to News Site