Kurir
Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Карпош, Студеничани, Петровец, Карпош и Гази Баба, соопшти РЦУК - Скопје. Во периодот од 08:30 до 11:30 часот, без снабдување со електрична енергија ќе бидат корисниците од РТВ Предавател Водно, кула АЕК Водно, село Горно Нерези, Етно село - Нерези, Предавател Космофон, објект Даре Џамбаз-Водно објект на Поштенски дом-Водно и село Горни Крушопек во Општина Карпош. Во периодот од 08:30 до 16:00 часот, без струја ќе останат корисниците на дел од село Морани и викенд населбата Морани во Општина Студеничани. Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од улицата „10“ во село Ржаничино во Општина Петровец. Во периодот од 09:00 до14:00 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците „Иван Аговски“ и „Никола Тесла“ во Општина Карпош. Во периодот од 09:00 до 14:30 часот, без струја ќе бидат корисниците од селото Мирковци во Општина Гази Баба. Во периодот од 11:00 до 14:00 часот, без снабдување со електрична енергија ќе останат корисниците од улиците „13“ и „14“ во селото Ржаничино во Општина Петровец.
Go to News Site