Collector
Левандовски ги подгреа шпекулациите за трансфер во Серија А | Collector
Левандовски ги подгреа шпекулациите за трансфер во Серија А
Kajgana

Левандовски ги подгреа шпекулациите за трансфер во Серија А

Левандовски ги подгреа шпекулациите за трансфер во Серија А Александра Спасеска 24.04.2026 / 09:05 Фудбал Роберт Левандовски (38) сè уште не разјаснил каде ќе игра следната сезона, а новите информации од Шпанија сугерираат дека неговата иднина е сè уште отворена. Барселона наводно му понудила продолжување на договорот што истекува на крајот на јуни, но со значително намалување на платата. Во исто време, се зголемува интересот од големите клубови од Серија А, првенствено Јувентус и Милан, додека МЛС и саудиската лига се исто така наводно заинтересирани да ја доведат една од најголемите фудбалски ѕвезди. Левандовски дополнително ги „потхрани“ шпекулациите со појавувањето во интервју за полскиот креатор на содржини Łatwogang. На прашањето „Јуве или Милан?“, тој кратко одговори: „Наскоро ќе разговараме“, без дополнителни детали, но доволно за да продолжат шпекулациите. Брилијантна кариера Левандовски моментално е во својата четврта сезона во Барселона и веќе постигна 118 гола и прослави две титули во Ла Лига откако пристигна од Баерн во 2022 година. Претходно освои титули во Бундеслигата со Борусија Дортмунд (2) и Баерн (8), со кои беше и победник на Лигата на шампионите во сезоната 2019/2020. Во кариерата постигна повеќе од 700 голови. Шпански извори истакнуваат дека Јувентус особено „гризе“ по Левандовски, а во овој контекст се споменува и желбата на тренерот Лучано Спалети клубот да доведе напаѓач од неговиот профил. Роберт Левандовски Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On

Go to News Site