Collector
Еден работник загина, тројца се повредени на градилиште во Кисела Вода | Collector
Еден работник загина, тројца се повредени на градилиште во Кисела Вода
Kajgana

Еден работник загина, тројца се повредени на градилиште во Кисела Вода

Еден работник загина, тројца се повредени на градилиште во Кисела Вода Александра Спасеска 24.04.2026 / 11:24 Хроника МВР соопшти детали за несреќа што утрово се случи на градилиште на улицата Козјак во Скопје, при што едно лице го загубило животот, а тројца се повредени. Според информациите, настанот бил пријавен во 8:17 часот, кога при ископ на темели работниците биле затрупани со земја. Тројца работници биле извлечени и со возило на Итна медицинска помош пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, додека еден работник бил пронајден без знаци на живот. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош. Двајца од градежните работници се со полесни телесни повреди, а третиот е со скршеници на двете потколеници и една натколеница, извести Ургнетниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. „Во врска со несреќата на градилиште во Кисела Вода, информираме дека во Ургентниот центар се транспортирани тројца повредени градежни работници. Двајца од работниците се со полесни телесни повреди и контузии, во тек се дијагностички процедури. Кај едниот од нив веднаш е санирана повреда на лактот, а третиот пациент е со скршеници на двете потколеници и една натколеница. Се следи здравствената состојба на повредените лица и продолжува нивниот медицински третман“, се наведува во соопштението на Ургнетниот центар. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. Автор/Извор МАКФАКС Прикажи во метро On

Go to News Site