Collector
Инспектори на терен по трагедијата во Кисела Вода | Collector
Инспектори на терен по трагедијата во Кисела Вода
Kurir

Инспектори на терен по трагедијата во Кисела Вода

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место на локација во Кисела Вода, каде при одрон на градилиште еден работник го загуби животот, а тројца беа повредени. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на починатиот. -Во насока на испитување на причините за несреќата и почитувањето на прописите за заштита при работа постапуваат и Државниот инспекторат за труд и општински градежен инспектор, информираат од ОЈО Скопје. Утринава четири лица беа затрупани од насип со земја на градилиште во општина Кисела Вода. При несреќата едно лице го загуби животот, а тројца се повредени. Повредените биле пренесени во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде кај двајца се контатирани полесни повредени, додека кај третиот повреден констатирани се тешки повреди, односно скршеници на двете потколеници и една натколеница.

Go to News Site