Collector
Градоначалникот Коњановски на отворениот ден на УКЛО | Collector
Градоначалникот Коњановски на отворениот ден на УКЛО
Kurir

Градоначалникот Коњановски на отворениот ден на УКЛО

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски учествуваше на прославата на денот на основањето на битолскиот универзитет „Св. Климент Охридски“ ( 25 април 1979 година). За Битола кој е универзитетски град, соработката на општината со универзитетот е на повеќе нивоа, а неколку години со ред студенти од овој универзитет изведуваат летна пракса во Општина Битола и јавните претпријатија, оценува градоначалникот Коњановски. Универзитетот четврта година по ред прославата ја прави и со традиционалниот настан „Отворен ден-УКЛО и пријателите, а оваа година под мото „Извонредност и кариера“. Оваа година, Отворениот ден се одбележува со неколку клучни столбови: 15 години УКЛО Студентско радио, признание на светската извонредност, вештачката интелигенција во служба на младите, образование според моделот на „Четирикатна спирала“, крунисување на успехот и европски хоризонти.

Go to News Site