Collector
Општина Кисела Вода: Целосно соработуваме со институциите, во тек се проверки за утврдување на околностите за трагедијата | Collector
Општина Кисела Вода: Целосно соработуваме со институциите, во тек се проверки за утврдување на околностите за трагедијата
Kurir

Општина Кисела Вода: Целосно соработуваме со институциите, во тек се проверки за утврдување на околностите за трагедијата

Градоначалничката Бети Стаменкоска - Трајкоска изрази длабоко жалење за трагичниот настан што се случи на територија на Општина Кисела Вода, при што едно лице го загуби животот, а три лица се повредени. Градоначалничката упати сочувство до семејството на починатиот и посака побрзо закрепнување на повредените. -Во врска со трагичниот настан што се случи на територија на Општина Кисела Вода, изразуваме длабоко жалење за загубата на човечки живот и сочувство до семејството на починатиот. Безбедноста на граѓаните и работниците е апсолутен приоритет и не смее да биде предмет на политички поени. Во овој момент, надлежните институции постапуваат и се во тек проверки за утврдување на сите околности поврзани со настанот. Општината целосно соработува со институциите и ќе постапи согласно сите наоди и препораки. Ја разбираме загриженоста на јавноста, но апелираме на одговорност и воздржаност од изнесување непроверени информации и политизација на случајот. Ваквите ситуации бараат сериозен и институционален пристап, а не дневно политички реакции. Општината е отворена за дискусија во рамки на институциите, но одлуките мора да се темелат на факти и стручни анализи, а не на претпоставки. Ќе продолжиме транспарентно да ја информираме јавноста за сите релевантни информации веднаш штом тие бидат официјално потврдени. Нашиот приоритет останува јасен - заштита на граѓаните, почитување на законите и одговорно постапување во интерес на јавноста, - истакна градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

Go to News Site