Collector
Нетанјаху имал тумор на простата, два месеци го блокирал објавувањето на веста | Collector
Нетанјаху имал тумор на простата, два месеци го блокирал објавувањето на веста
Kajgana

Нетанјаху имал тумор на простата, два месеци го блокирал објавувањето на веста

Нетанјаху имал тумор на простата, два месеци го блокирал објавувањето на веста Александра Спасеска 24.04.2026 / 14:09 Свет Денеска во Израел беше објавен медицински извештај за состојбата на премиерот Бенјамин Нетанјаху, во кој се открива дека тој имал тумор на простата. Нетанјаху имал операција на простата кон крајот на 2024 година, но не се објавени многу информации за процедурата, освен дека станува збор за мала процедура. Извештајот откри дека неколку месеци по операцијата, за време на рутински преглед, било откриено дека израелскиот премиер имал мал тумор на простата. Нетанјаху, кој напишал одредени делови од извештајот, истакнал дека станува збор за дамка помала од еден сантиметар, за која подоцна е откриено дека е рана фаза на малиген тумор. Понатаму се наведува дека немало индикации дека туморот се проширил или метастазирал и дека третманот го решил проблемот, кој не се вратил по завршувањето на терапијата. Нетанјаху, исто така, истакна дека го блокирал објавувањето на овој извештај два месеци за да не „му даде простор на Иран за пропаганда против Израел“. Бенјамин Нетанјаху Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On

Go to News Site