Collector
Лесната пешадиска баталјонска група оценета како „борбено подготвена за извршување на својата мисија“ | Collector
Лесната пешадиска баталјонска група оценета како „борбено подготвена за извршување на својата мисија“
Kurir

Лесната пешадиска баталјонска група оценета како „борбено подготвена за извршување на својата мисија“

Денес, во кампот за обука „Пепелиште“ по реализираните активности на националната теренска вежба „БЛЕСОК 26“ и по завршувањето на последниот настан од главната листа на настани и инциденти, успешно е завршен процесот на оценување на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ), согласно стандардите за оценување на копнени команди и единици од Здружената команда за операции на НАТО. На денешното официјално соопштување на оценката од страна на оценувачкиот тим и НАТО мониторите, на командантот на ЛПБГ му беше соопштено дека единицата ги исполнува сите предвидени стандарди и е оценета како „борбено подготвена за извршување на својата мисија“. Сениор НАТО мониторот, полковник Христос Стаматиу од НАТО корпусот за брзо распоредување – Грција (NATO Rapid Deployable Corps – Greece, NRDC-GR) оцени дека: „Eвалуацијата на Лесната пешадиска баталјонска група беше спроведена на многу професионален и компетентен начин. Сите членови од оценувачкиот тим беа целосно запознаени со методите и процедурите за евалуација, во согласност со соодветната документација на НАТО. Оценувачите, под постојано и високо ефикасно водство од директорот на оценувачкиот тим, ја искористија секоја можност да ги следат подготовките и дејствијата на единицата на терен и да ги евидентираат своите забелешки со прецизност и објективност.“ Во рамки на настанот, директорот на оценувачкиот тим, потполковник Горан Кимов истакна дека е чест и гордост што ЛПБГ го заврши оценувањето со највисоки резултати. „Припадниците на единицата покажаа одлични резултати и ги потврдија сите критериуми и стандарди на оценување“, наведе потполковникот Кимов. На соопштувањето на оценката присуствуваше и командантот на Првата пешадиска бригада, бригаден генерал Дејан Чиплаковски, кој се заблагодари на сите учесници на вежбата, како и на НАТО мониторите за покажаниот професионализам при извршување на задачите во рамките на вежбата. Со успешно реализираното оценување, ЛПБГ ја потврди својата обученост, високата борбена подготвеност и интероперабилност со сојузниците, што претставува значаен придонес во зајакнувањето на капацитетите на Армијата и НАТО.

Go to News Site