Kajgana
Премиера на новиот Volkswagen T-Roc во Македонија: нова генерација на бестселерот со повисок квалитет и иновации Александра Спасеска 24.04.2026 / 15:10 Авто новости Во салонот на Volkswagen во Скопје, се одржа македонската премиера на новиот T-Roc – модел што претставува целосно нова генерација на еден од најуспешните SUV автомобили на брендот. Со повеќе од 2 милиони продадени возила ширум светот, T-Roc се етаблираше како еден од клучните модели во SUV гамата на Volkswagen. Новата генерација носи значаен чекор напред, комбинирајќи моќен дизајн, иновативни погонски системи и значително унапреден квалитет. „Во светот на автомобилизмот, ретко кој модел успева за толку кратко време да стане икона на својата генерација. Но, T-Roc е токму тоа. Уште од своето појавување, тој не беше само нов SUV во нашето портфолио, туку беше одговор на потребите на модерните возачи – оние кои бараат став, технологија и динамика во едно. Ние во Porsche Macedonia сме исклучително горди што денес пред вас го презентираме неговото најново издание. Овој T-Roc доаѓа со уште поостар дизајн, повисоко ниво на дигитализација и квалитет кој го поставува стандардот во својата класа“, изјави генералниот менаџер на Porsche Macedonia, Златко Муцунски. Дизајн што остава впечаток Новата генерација на T-Roc е развиена целосно од почеток и веднаш се издвојува со својот чист и динамичен дизајн. Карактеристичната силуета со купе-заден дел, но е дополнително нагласена со зголемените пропорции. Моделот е подолг за 12 cm, што овозможува уште поизразен и модерен изглед. Осветлувањето игра клучна улога во визуелниот идентитет. Стандардно доаѓа со LED светла, додека опционалните IQ.LIGHT LED Matrix светла се поврзани со осветлено Volkswagen лого преку тенка светлосна линија. Задниот дел е заокружен со LED лента и осветлено лого, создавајќи препознатлив ноќен потпис. Премиум ентериер и напредни технологии Внатрешноста на новиот T-Roc е значително унапредена, со фокус на квалитет, удобност и дигитално искуство. Ново дизајнираниот кокпит вклучува инфотејнмент екран до 13 инчи (33 cm), додека амбиенталното осветлување создава атмосфера слична на lounge. Материјалите се висококвалитетни, со меки површини и текстилна облога на инструмент таблата. Моделот презема технологии од повисоките класи, како што се новата генерација на системот за избор на режими на возење и head-up дисплеј кој ги проектира најважните информации директно на ветробранското стакло. Повеќе простор и комфор Со зголемената должина, новиот T-Roc нуди значително повеќе простор за патниците и багажот. Кабината е прилагодена за удобно патување на пет лица. Багажниот простор е зголемен на 475 литри, што дополнително ја зголемува практичноста. За првпат, достапно е и ergoActive седиште со 14 позиции и функција за масажа, што го подига нивото на комфор на ново ниво. Технологија од нова генерација Новиот T-Roc е изграден на најновата платформа MQB evo, што овозможува интеграција на најнапредни технологии и системи за асистенција. Меѓу нив се: Travel Assist со проширени функции Park Assist Pro со автоматско паркирање и контрола преку смартфон Exit warning систем за зголемена безбедност Овие системи го позиционираат T-Roc меѓу најнапредните модели во својата класа. Иновативни хибридни погони Новиот T-Roc е достапен со модерни турбо бензински мотори со 48V mild hybrid технологија (1.5 eTSI), со моќност од 115 и 150 КС. Поедноставена и појасна понуда Новата структура на моделската понуда е појасна и поориентирана кон клиентите, со четири нивоа на опременост: Life, Style и R-Line. Пакетите се оптимизирани за полесна конфигурација и подобра вредност за клиентите. Еден од најважните SUV модели на Volkswagen Од своето лансирање во 2017 година, T-Roc бележи континуиран успех. Само во изминатата година, речиси 300.000 купувачи во Европа го избраа овој модел. Со над 2 милиони продадени возила до денес, T-Roc е еден од најуспешните SUV модели на Volkswagen, веднаш по Tiguan, и важен столб во стратегијата на брендот за иднината. Продажбата на новиот T-Roc веќе започна, во сите салони на Volkswagen во Македонија. Автор/Извор КАЈГАНА Прикажи во метро Off
Go to News Site