Collector
Хегсет: Операцијата „Епски бес“ е подарок за целиот свет | Collector
Хегсет: Операцијата „Епски бес“ е подарок за целиот свет
Kurir

Хегсет: Операцијата „Епски бес“ е подарок за целиот свет

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет на денешната прес-конференција изјави дека САД постигнале „одлучувачки воени резултати во Иран, а операцијата „Епски бес“ ја оцени како „смела и опасна мисија, подарок за целиот свет“. Според него американската поморска блокада на иранските пристаништа „секој ден станува се посилна“. - Пораката до режимот во Техеран е: блокадата се стега од час во час. Ние имаме контрола. Ништо не влегува и ништо не излегува - посочи Хегсет. Тој наведе дека сега Иран треба да донесе мудра одлука и да се откаже од поседување нуклеарно оружје. - Инаку, можат да гледаат како кревката економска состојба на нивниот режим се распаѓа под немилосрдниот притисок на американската моќ - истакна Хегсет. Тој ги предупреди Европа и Азија дека „заврши времето на бесплатен превоз“. - Европа и Азија со децении имаа корист од нашата заштита, но заврши времето на бесплатен превоз. Америка и слободниот свет заслужуваат способни и верни сојузници, кои разбираат дека сојузништвото не е еднонасочна туку двонасочна улица - истакна Хегсет. (МИА)

Go to News Site