Collector
ТППЕ Дебар одржа симулациска вежба на гаснење пожар во дебарската гимназија | Collector
ТППЕ Дебар одржа симулациска вежба на гаснење пожар во дебарската гимназија
Kurir

ТППЕ Дебар одржа симулациска вежба на гаснење пожар во дебарската гимназија

Дебарската територијалната противпожарната единица, покрај вообичаените интервенции, реализираат активности во основните и средните училишта, чија цел е учениците да се запознаат со начинот како да реагираат во случај на пожар. Во тие рамки во Средното општинско училиште „28 Ноември“ во Дебар, 14-те пожарникари предводени од командирот Џетан Мифтароски, одржаа симулациска вежба на гаснење пожар при што дадоа практични совети на учениците за тоа како да се заштитат и да се справат во ситуации при појава на пожар. Директорот на училиштето, Аргетим Трепча, рече дека активноста била неопходна и многу значајна, а истата оценка ја даде и градоначалникот Фисник Меља, кој ја следеше оваа активност. -Најпрво сакам да искажам висока оценка за ефикасноста на пожарникарите, за нивниот професионализам и посветеноста покрај многуте обврски да ги едуцираат младите во едукацијата на младите за безбедност и правилна реакција во итни ситуации. Општина Дебар останува посветена на поддршката на активности кои ја зголемуваат јавната безбедност и едукацијата на младите генерации, рече Меља. Дебарската единица, поточно нејзините 14 пожарникари освен во Општина Дебар, интервенираат и во Општина Центар Жупа и подрачјето на Река, Општина Маврово и Ростуше, каде исто така реализираат превентивни и едукативни активности во тамошните училишта.

Go to News Site