Kajgana
Вински Фестивал Битола од 7 до 9 мај пред Офицерски дом Филип Здравески 25.04.2026 / 11:36 Култура „Вински Фестивал Битола“ ќе се одржува од 7 до 9 мај на платото пред Офицерски дом. Станува збор за тридневен фестивал кој ги обединува виното, музиката и урбаното дружење, со богата музичка програма и внимателно селектирана понуда на вина од домашни винарии и гастрономски специјалитети. Организаторите велат дека токму музичкиот избор е една од работите што најјасно го дефинираат фестивалот и по која сакаат уште посилно да се препознае ова издание. „Ова не е фестивал што оди во само еден правец. Намерата ни беше да создадеме програма што ќе го отслика битолскиот дух, град со стил, но и град што сака добра атмосфера, квалитетна музика и опуштено дружење. Програмата нуди различни стилови и енергија за дружење до доцна во ноќта, што му дава посебен карактер на фестивалот“, велат организаторите. Додаваат дека идејата е фестивалот да прерасне во препознатлив мајски настан во Битола. „Ова е град со специфичен ритам и со релаксиран стил на живот, град во кој луѓето знаат да уживаат и во вино, и во музика, и во амбиент. Нашата цел е да понудиме внимателно избрана програма, добро вино и атмосфера што не се доживува само како настан, туку како градско искуство“, посочуваат организаторите. Фестивалската програма започнува на 7 мај со настап на резидент диџеј, по што следуваат „B52“, „Пауза за ракија“ и диџеј Александар Јорданов. На 8 мај ќе настапат „Lockdown“, ,Камерен оркестар Битола и DJ Гоце Саф, додека третата вечер, на 9 мај, е резервирана за „Zdrave Music“, „Љубојна“ и „Паркети“. Покрај музичката програма, посетителите ќе имаат можност да дегустираат вина од домашни винарии, проследени со гастрономска понуда што го надополнува целото фестивалско доживување. Според организаторите, идејата е „Вински Фестивал Битола“ да остане отворен, комуникативен и жив настан, наменет за сите што сакаат квалитетна музика, добро вино и пријатна градска атмосфера. Битола Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off
Go to News Site