Collector
Најмалку 15 повредени во синоќешните руски напади врз Украина | Collector
Најмалку 15 повредени во синоќешните руски напади врз Украина
Kajgana

Најмалку 15 повредени во синоќешните руски напади врз Украина

Најмалку 15 повредени во синоќешните руски напади врз Украина Филип Здравески 25.04.2026 / 12:52 Свет Најмалку 15 лица се повредени во масовниот руски напад врз Украина во текот на ноќта, соопштија локалните власти, цитирани од DPA. Сирени за воздушни напади се огласија во многу делови од земјата, принудувајќи ги жителите да бегаат во засолништата. Силни експлозии се слушнаа во Киев, Харков и Днепар. Олександр Гања, началник на воената администрација на регионот Днепар, соопшти дека се повредени најмалку 14 лица, вклучувајќи едно дете. Уште едно лице е повредено во регионот Никопол, а станбени згради се оштетени во Кривиј Рог. Украинските воздухопловни сили соопштија дека Русија истрелала крстосувачки ракети и роеви беспилотни летала во обид да ја совлада украинската воздушна одбрана. Во меѓувреме, руското Министерство за одбрана објави дека 127 украински беспилотни летала се соборени над Русија во текот на ноќта, вклучително и во регионите Свердловск и Чељабинск. војна Украина Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off

Go to News Site