Kurir
Премиерот Христијан Мицкоски попладнево на Фејсбук информираше дека заедно со министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски и заменик - министерката за европски прашања, Викторија Трајков, се сретнале со Македонци кои живеат во Србија. - Состанокот помина во дух на конструктивен дијалог и заедничка визија за иднината. Во фокусот беше испратена силна порака за обединување и сплотеност на Македонците во Србија. Беше истакната важноста од координирана и континуирана комуникација, при што Македонскиот национален совет ќе има улога на главен и синхронизиран канал за поврзување и застапување на интересите на заедницата, пишува во објавата. Соговорниците се согласиле дека само преку заедништво, взаемна поддршка и институционална координација може да се обезбеди посилен глас и подобра иднина за Македонците во Србија. - Средбата доаѓа во пресрет на одбележувањето на 80-годишнината од доселувањето на Македонците во Војводина, се додава во објавата.
Go to News Site