Collector
Јошко Миленкоски го објави поширокиот список на одбојкари за стартот на подготовките за ЕЛ | Collector
Јошко Миленкоски го објави поширокиот список на одбојкари за стартот на подготовките за ЕЛ
Kurir

Јошко Миленкоски го објави поширокиот список на одбојкари за стартот на подготовките за ЕЛ

Селекторот на нашата одбојкарска репрезентација, Јошко Миленкоски го објави за стартот на подготовките на Европската Лига. Македонија во септември ја чека и настап на ЕП 2026. На списокот и најдоа и дебитантите Јован Милев, Митко Спасов и Филип Јованов на кои ова им е и прв повик за А-репрезентацијата. Инаку стартот на подготовките е закажан за 6.мај и тоа во Крушево, една недела порано од предвиденото и тоа на барање на селекторот Миленкоски. Во периодот од 27 до 29 мај, избраниците на Миленкоски ќе одиграат и две контролни средби со Црна Гора во Подгорица. Првиот турнир од Европската лига Македонија ќе го организира на домашен терен во Струмица, каде што на 5 јуни ќе се соочи со Холандија, а два дена подоцна и со Луксембург. Вториот турнир ќе се игра во Атина, каде што следуваат дуели со Исланд (13 јуни) и со домаќинот Грција (14 јуни). Третиот турнир ќе се одржи во Косово и на 19 јуни Македонија ќе игра против домашната селекција, а веќе следниот ден ја очекува пресметка со Израел.

Go to News Site