Collector
Трамп откри зошто ненадејно го откажа испраќањето претставници во Пакистан | Collector
Трамп откри зошто ненадејно го откажа испраќањето претставници во Пакистан
Kajgana

Трамп откри зошто ненадејно го откажа испраќањето претставници во Пакистан

Трамп откри зошто ненадејно го откажа испраќањето претставници во Пакистан Филип Здравески 26.04.2026 / 09:29 Свет Претседателот на САД, Доналд Трамп, за Fox News објасни зошто не испратил американска делегација во Исламабад на разговори со Иран. Тој наведе дека им кажал на Стив Виткоф и Џаред Кушнер: „Нема да летате 18 часа за да стигнете таму, ние ги држиме сите карти во раце“. Додаде дека повеќе нема да испраќа претставници на долги летови за „да седат и да разговараат за ништо“. Портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит, вчера изјави дека Виткоф и Кушнер ќе отпатуваат за Пакистан за да слушнат што имаат да кажат Иранците. Но, Трамп очигледно го променил својот план. Во меѓувреме, иранските медиуми објавија дека шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи по средбите со началникот на пакистанската армија Асим Мунир и со премиерот Шехбаз Шариф, заминал од Исламабад. Арагчи наведе дека во Исламабад ги објаснил принципиелните позиции на неговата земја. Детали од разговорите со пакистанските претставници не се познати. Шариф средбата со Арагчи ја опиша како „многу топла и срдечна размена на мислења за моменталната регионална ситуација“. Тој на платформата Х објави дека разговарале и за прашања од заеднички интерес, вклучително и понатамошно зајакнување на билатералните односи помеѓу Пакистан и Иран. САД Иран Доналд Трамп Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро On

Go to News Site