Kurir
Во моментов се работат подготовките за брзата пруга, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во поткастот на Курир. -За да не ни се случи Охрид-Кичево, мора да направиме добра подготовка. Работиме со нашите партнери од Велика Британија, имајќи предвид дека овој проект ќе се работи со поддршка на Велика Британија. Едни од најголемите светски фирми за планирање работат на теренот, дел од Велика Британија, дел се од Австрија. Очекуваме до крајот на летото целокупната подготовка да биде завршена и кога тоа ќе се случи да влеземе во фаза на избор на изведувач и на завршување на проектот, вели Николоски. Тој појаснува дека рокот на завршување е пет години и за да се остане во овој рок мора да се направи подготовката која е во тек. -Ова е лекција за големи инфраструктурни проекти како се работат, дека прво треба да се обезбеди финансирање, после тоа да се направат добри подготовки, да се изберат добар изведувач и надзор и тоа гарантира дека ќе се заврши во рок. Ова е добар пример и за нашата домашна експертиза да видат како се работат големи проекти, буквално по книга, посочува вицепремиерот.
Go to News Site