Collector
Ja повреди тетивата: Салах вчера го одигра последниот меч во кариерата за Ливерпул | Collector
Ja повреди тетивата: Салах вчера го одигра последниот меч во кариерата за Ливерпул
Kajgana

Ja повреди тетивата: Салах вчера го одигра последниот меч во кариерата за Ливерпул

Ja повреди тетивата: Салах вчера го одигра последниот меч во кариерата за Ливерпул Филип Здравески 26.04.2026 / 09:41 Фудбал Крилниот напаѓач на Ливерпул, Мохамед Салах, ќе го пропушти остатокот од сезоната откако заработи повреда на тетивата во победата од 3:1 против Кристал Палас, изјави директорот на египетската репрезентација, Ибрахим Хасан. Ливерпул сè уште нема коментирано за состојбата на Салах, но Хасан тврди дека египетскиот интернационалец го одиграл својот последен натпревар за „Црвените“. „Претрпе руптура на тетива и ќе му требаат 4 недели за да се опорави“, изјави Хасан за Reuters. Потсетуваме дека по девет години поминати на „Енфилд“, Салах ќе го напушти клубот на крајот од сезоната. Неговото збогување ќе биде обележано со зборови, а не со голови, додека им се обраќа на навивачите по последниот натпревар од сезоната против Брентфорд. До крајот на сезоната, Ливерпул ќе одигра уште 4 натпревари, два од нив дома против Челси и Брентфорд, додека ќе гостува кај Манчестер Јунајтед и Астон Вила. Салах, кој е трет најдобар стрелец во историјата на Ливерпул, постигна 12 гола и имаше 9 асистенции во сите натпреварувања оваа сезона. Хасан додаде дека Салах ќе биде подготвен за Светското првенство 2026, каде што Египет ќе игра против Белгија, Нов Зеланд и Иран во групата Г. Мохамед Салах Ливерпул Египет фудбал Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On

Go to News Site