Collector
Јокиќ исклучен, физички го нападна МедДениелс во поразот на Денвер од Минесота | Collector
Јокиќ исклучен, физички го нападна МедДениелс во поразот на Денвер од Минесота
Kajgana

Јокиќ исклучен, физички го нападна МедДениелс во поразот на Денвер од Минесота

Јокиќ исклучен, физички го нападна МедДениелс во поразот на Денвер од Минесота НБА 2025/2026 плејоф Филип Здравески 26.04.2026 / 10:45 Кошарка Минесота Тимбервулвс синоќа на домашен терен го победи Денвер Нагетс со 112:96 и поведе со 3-1 во првото коло од плејофот на Западната конференција. Ајо Досунму одигра натпревар во кариерата, постигнувајќи 43 поени и доближувајќи ја Минесота на еден чекор до пласман понатаму. Денвер ги заврши првите две четвртини со предност, но домаќините го свртија резултатот во третата, затворајќи ја со +4. Предноста растеше и натпреварот беше решен на средина од последната четвртина. Нагетс беа предводени од Џамал ​​Мареј со 30 поени, како и Никола Јокиќ кој беше блиску до трипл-дабл со 24 поени, 15 скокови и 9 асистенции. Remote video URL Натпреварот го одбележа тепачката кон крајот. Џејден МекДениелс од Минесота постигна лејап на 1,3 секунди до крајот, на веќе одлучен победник додека другите играчи се поздравуваа од другата страна на теренот. Ова го налути Јокиќ, кој се соочи со крилниот напаѓач на Вулвс во близина на неговата клупа, што доведе до ескалација. И двата тима се вклучија во тепачката, а Јокиќ и домашната ѕвезда Џулиус Рендл беа најагресивни, па и двајцата беа исклучени. Remote video URL Јокиќ по мечот изјави дека не жали што го нападнал МекДениелс. Remote video URL Петтиот натпревар од серијата, кој се игра до четири победи, е закажан во Денвер за понеделник вечерта во 4:30 часот по македонско време. Никола Јокиќ Денвер Нагетс Минесота Тимбервулвс НБА Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On

Go to News Site