Collector
Гостиварец пресретнал малолетничка, ја силувал, ја снимал, па ја објавил на интернет | Collector
Гостиварец пресретнал малолетничка, ја силувал, ја снимал, па ја објавил на интернет
Kajgana

Гостиварец пресретнал малолетничка, ја силувал, ја снимал, па ја објавил на интернет

Гостиварец пресретнал малолетничка, ја силувал, ја снимал, па ја објавил на интернет Филип Здравески 26.04.2026 / 10:55 Хроника Машко лице било лишено од слобода по сомнение дека силувало малолетничка во Гостивар и објавувало експлицитни содржини на социјалните мрежи. Од Секторот за внатрешни работи – Тетово информираа дека од страна на полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи – Гостивар, од слобода бил лишен 29-годишниот Т.Б. од село Здуње. „Бил пријавен на 24.04.2026 година од страна на 42-годишен жител од Гостивар, дека пред неколку месеци на подрачје на Гостивар, непознато машко лице со возило Volkswagen џип, црна боја, ја пресретнало неговата малолетна ќерка и со употреба на физичка сила извршило силување врз неа, упатувајќи ѝ закани по нејзиниот и животот на нејзиното семејство“, појасни Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово. На 22.04.2026 година на социјални мрежи биле објавени експлицитни фотографии и видеа на ќерката на пријавителот. По преземени мерки, лицето било пронајдено, извршен бил претрес во неговиот дом како и уште еден дом на подрачје на селото Равен, каде приведеното лице престојувало при што биле одземени лаптоп, мобилен телефон, УСБ-стик и други предмети. Лицето било задржано во полициска станица за понатамошна постапка, по што ќе била поднесена соодветна пријава. Претходно беше пријавен друг сличен случај во Скопје. силување Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off

Go to News Site